DENTARC.COM ©



Добредојдовте во DENTARC. Овој договор го регулира пристапот и користењето на DENTARC – стоматолошко здравствениот информативен систем, како и новостите и содржината во рамките на овој систем која ви ја нуди креаторот на истиот. Овој договор се склучува помеѓу вас и креаторот на DENTARC системот.

Со користењето на DENTARC системот се сложувате со наведените услови.



1. ПРОФИЛ



Потребено е да креирате профил за пристап и користење на DENTARC системот. Правото на отворање на профил го имаат сите стоматолози, сопственици на стоматолошки ординации/клиники, стоматолошки техничари, сопственици на стоматолошко-технички лаборатории, радиолошки техничари и сопственици на радиолошки центри. За активностите на DENTARC профилот одговорен е исклучиво сопственикот на истиот. Вашиот профил може да биде блокиран или избришан ако некој трет го користи, злоупотребува или на било кој начин ги крши одредбите регулирани со овој договор.



2. ЛИЦЕНЦА



За користење на DENTARC сервисот добивате лиценца, не може да го поседувате. Креаторот на самиот систем ви дава лична, ограничена, непренослива, отповиклива и неекслузивна лиценца за користење на Dentarc услугите кои се наменети за некомерцијални цели, а да се во рамките на овој договор. Не можете да пристапите,користите,модификувате или дистрибуирате било кој Dentarc сервис ако предходно не сте овластени од креаторот на Dentarc системот. Нема да бидете во можност да вршите обратен инженеринг односно да се обидете да добиете,извлечете или на било кој друг начин ги користите податоците кои ги нуди Dentarc, освен ако не сте овластени од страна на креаторот на истиот. Креаторот на Dentarc (www.dentarc.com) ги поседува и задржува сите права вклучувајќи го и правото на интелектуална сопственост на самиот систем.



3. ДОСТАПНОСТ НА СЕРВИСОТ И АЖУРИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ



Креаторот на самиот систем не ви гарантира дека можете да пристапите на самата страница од сите уреди користејќи одредени интернет конекции или различни интернет провајдери.
Од време на време Dentarc системот ќе го ажурира, менува или модификува сервисот, содржината или правата без предходна најава. Истите можат да бидат во некои ситуации неопходни како би можело да се продолжи со користењето на услугите.
Dentarc може да ажурира или ресетира одредени параметри за оптимално користење на неговите услуги и истите можат да предизвикат кратки доцнења во достапноста на услугите.



5. ПРАВИЛА НА КОРИСТЕЊЕ



Кога пристапувате и ги користите услугите на Dentarc согласни сте дека нема:

• Да го попречувате или пореметувате било кој сервис, сервер или мрежа која се користи како поддршка на самиот систем вклучувајќи ги и сите видови хакерски напади.


• Да користите било кој софтвер или програма која му штети, го пореметува или прекунува Dentarc сервисот, да користите друг комјутер или имот како што се програми за извршување на ДНС напади, спамување,хакирање,комјутерски вируси, праќање болви, програми кои го имаат називот “cancelbots”, инфицирани фајлови и темпирани бомби.


• Да попречувате или оневозможувате другите лекари да ги користат Dentarc услугите. Овде се вклучува и попречувањето на дијалози во рамките на Dentarc службата, користејќи вулгарен, вознемирувачки или навредлив речник, заповеден тон ( вклучени CAPS LOCK букви), спамови и претерани и непотребни коментари кои се последователни.


• Да малтретирате, се заканувате,посрамотите, спамувате или направите било што друго што е непожелно за некој друг корисник, како што е повеќекратно праќање на несакани пораки или навреда на самата личност врз основа на расата, религијата,наследството или сексуалната ориентација и тн. Говорот на омразата нема да се толерира.


• Пораки се оставаат само со цел на комуникација. Забранети се пораки кои опфаќаат огласување, спамови, пирамидални шеми и други видови на коемрцијални активности.


• Да се претставувате во името на друг корисник или лажно да имплицирате дека сте вработени во Dentarc системот или сте Dentarc преставник.


• Да се обидете да добиете лозинка, злоупотреба на информации од профилот, или било која друга приватна информација за било кој друг корисник на системот.


• Да користите програми, автоматизирани уреди или процеси за пристапна системот и копирање на материјали од овој сајт.


• Да менувате фајлови или било кои други делови на Dentarc системот а да немате одобрение од креаторот за истото.


• Да го продавате, купувате, тргувате или на било кој друг начин пренесувате својот профил или користење на било кој друг личен пристап на Dentarc услугите и содржината на самите профили на други web страници освен ако не сте овластени од страна на креаторот.



Доколку Вие или некој кој го користи вашиот Dentarc профил ги крши овие правила, креаторот може да превземе мерки против вас вклучувајќи го и одземање на правото на пристап на услугите, содржината или правата на сајтот. Во прикладно време Dentarc ќе ве извести за акцијата која ќе биде превземена против вас како последица на кршење на овие правила или непочитување на договорот.